Во Кина, во градот Чончин постои станбена зграда низ која поминува метро, зградата има вкупно 19 ката и не само што поминува лесен патнички воз, туку таму има и постојка. Така, жителите во становите едноставно можат да одат на шести или осми кат каде што ќе можат да го чекаат своето превозно средство.
Оваа необична зграда станала туристичка атракција, со многу посетители кои доаѓаат да ја видат и да ја искористат како јавен превоз. Градот Чончин е голема метропола со многу жители, но архитектите и урбанистите биле креативни во креирањето на проекти за коегзистенција на транспорт и станбени објекти. Метро станицата Лизиба има површина од 3.100 квадратни метри и е составена од два дела – долниот дел е стационарна зграда од 7 ката, а на врвот на станицата има две станбени згради од 11 ката. Станицата и зградата биле заедно изградени како целосна структура, со специјална опрема за намалување на бучавата. Станицата била отворена во 2005 година.