Разгледувајќи овие денови на мојот компјутер наидов на еден текст кој беше објавен 2019 година по повод 8 Април Светскиот ден на Ромите. И се прашувам дали нешто се сменило од тогаш до ден денес 8 Април 2023 година.
Колку бевме успешни НИЕ зборувам за Република Македонија во делот едно општество за сите? Колку Ромите се дел од тоа општество за “сите”?
Колку сме успеале да го подобриме животот на обичниот човек, дали зголемувањето на минималната плата за 2000 денари навистина го подобриле животот на обичниот граѓанин ? Или го подобар животот на функционерите за 78%?
Дали навистина блескаме овие години или само тонеме и тонеме и спасот го бараме надвор од границите на Македонија, каде ако не повеќе ќе имаме можност за една пристојна работа и еден пристоен живот?
Си ги поставувам овие прашања и си мислам дали овој период е само изгубен период од нашите животи?
Дали смеевме ова да го дозволиме некој да изгуби некоја година од нашите животи? И да се поигра со сите нас, ветувајќи брда и долини овие години?