GLOBAL FINANCE: КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023

од Вести365.МК | С.З.

Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance.

Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална банка е препознаена како банка која во континуитет ги следи потребите на клиентите и на тој начин ги поставува темелите за иден заеднички успех. Тоа ја вброи Комерцијална банка во друштвото на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 30-то издание на годишните награди на угледниот магазин Global Finance.

„Признанијата ни даваат дополнителна енергија да продолжиме напред во исполнување на стратешките цели на Банката, кои се фокусирани на следење на потребите на клиентите, на дигитализирање и постојани иновации во понудата на производи и услуги и на поттикнување на растот на бизнисот. Оваа награда, како и останатите, е резултат на негувањето долгорочна соработката и доверба од клиентите и, секако, на инвестициите со кои Банката не само што ги следи современите трендови, туку и се наметнува како лидер во земјава во имплементацијата на дигитални алатки кои ги прават банкарските трансакции побрзи, полесни и достапни од секое место во секое време. Клиентите ги препознаваат предностите и привилегиите што им ги нудиме, а особено нѐ радува што тоа го препознаваат и истакнати финансиски експерти кои се дел од стручното жири на Global Finance“, изјави по повод наградата Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Остварените резултати на банките ги оценуваат извршни финансиски директори, банкари, банкарски консултанти и аналитичари од целиот свет. Клучни објективни критериуми за оценување се раст на актива, профитабилност, географски опсег, стратешки односи, нов бизнис развој и иновации во производи.

Слични објави