Познати се осумте екипи кои ќе се борат за место на завршниот турнир на Евролигата во Литванија на крајот на мај, откако се одиграа сите натпревари од последното 34. коло.
Олимпијакос е најуспешната екипа во регуларниот дел на сезоната, а Шпанија има два претставници Реал Мадрид и Барселона. Макаби Тел Авив и Партизан се вратија во елиминационата фаза по подолг период.
Сериите се играат на три добиени натпревари, а четвртфиналните парови се:
- Олимпијакос – Фенербахче
- Монако – Макаби
- Барселона – Жалгирис
- Реал Мадрид – Партизан
Ако победат во четвртфиналето, двата шпански тима ќе играат меѓусебно во полуфиналето, исто како и минатата година. Четвртфиналните серии ќе се играат во периодот од 25 април до 10 мај.
Црвена Звезда, иако не успеа да се пласира во разигрувањето за титула во Евролигата, остави повеќе од солиден впечаток во ова натпреварување. Тимот од Белград забележа пет победи во низа на пет последни натпревари, но не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри. Во регуларниот дел од сезоната, „Црвено-белите“ завршија на десеттата позиција на табелата со скор од 17 победи и исто толку порази.