Овен
Љубов:
Важно ви е да привлечете нечие емотивно внимание, но правите голем број погрешни работи.
Работа:
Во деловно-финансиска смисла, заборавете на преголемите амбиции или желбата да ги присвоите туѓите резултати.
Здравје:
Обрнете внимание на поправилна исхрана.
Бик
Љубов:
Партнерот ви изгледа сомнително и тоа се одразува на вашето лошо расположение. Не сакате да се карате за ситници кои непотребно ве раздвојуваат.
Работа:
Ве очекуваат разни обврски, треба правилно да се организирате. Секаков вид на деловна превенција ќе се покаже како вредна помош.
Здравје:
Избегнувајте напорни ситуации кои психолошки ве вознемируваат.
Близнаци
Љубов:
Доколку сакате нов залет или возбудлива забава, искористете го вашиот шарм во согласност со емотивната инспирација.
Работа:
Вашите идеи добиваат позитивна реакција. Се грижите за постигнување поширока деловна афирмација и исполнување на различни критериуми за успешна соработка.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.
Рак
Љубов:
Во друштво на саканата личност, не дозволувајте да ви недостасува имагинација или љубовна инспирација, како добар поттик.
Работа:
Некој во вас поттикнува креативна љубопитност и желба за ново знаење. Обрнете внимание на корисни информации.
Здравје:
Направете нешто за подобар изглед и добро расположение.
Лав
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, искористете го „испробаниот рецепт“ за емотивно зближување. Добрата волја прави чуда.
Работа:
Понекогаш сè станува релативно. Избегнувајте ја варијантата „се или ништо“ и различните предизвици кои можат да ве оштетат.
Здравје:
Забавете го брзото темпо, опуштете се.
Девица
Љубов:
Некој ги одредува правилата на однесување, а вие мора да се помирите со „дадената улога“. Тоа не ви се допаѓа.
Работа:
Немојте да бидете арогантни или расипнички кога се среќавате со соработниците. Задоволете се со просечни резултати.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации и напорни обврски.
Вага
Љубов:
Ве очекува пријатно изненадување во средбата со блиска личност. Покажете искрена благодарност за она што го добивате во врската.
Работа:
Направете се што е потребно за да исполните туѓи критериуми во комбинација со вашите цели. Упорноста ќе се исплати многукратно.
Здравје:
Одржувајте оптимизам и самодоверба во различни ситуации.
Скорпија
Љубов:
Некој близок има различни замерки за вашето однесување. Размислете за вашите грешки и не игнорирајте нечија „опомена“.
Работа:
Треба да ги контролирате лошите навики, нема причина да се истакнувате пред личност која има различни деловни стандарди.
Здравје:
Ќе ви годи активен одмор и повеќе часови здрав сон.
Стрелец
Љубов:
Саканата личност се обидува да ве остави убедени дека се е во најдобар ред. Но, чувствувате нов проблем.
Работа:
На деловната сцена се си има свој „живот“, но вие упорно инсистирате на работи кои одамна се надминати.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација и опуштање.
Јарец
Љубов:
Не дозволувајте блиска личност да се чувствува запоставено, изразете ја позитивната страна на вашата личност. Користете ги вашите скриени адути.
Работа:
Положбата на Месечината има предизвикувачки ефект врз вашата ментална состојба. Без разлика на деловните несогласувања, не ви пречат различните коментари.
Здравје:
Ќе ви годи одмор и психофизичка релаксација.
Водолија
Љубов:
Избегнувајте нови емотивни провокации, изберете познато друштво или личност која ви е посветена.
Работа:
Вие се залагате за практично и праведно решение, но еден од соработниците има скриени намери и упорно се обидува да ви го наметне своето влијание.
Здравје:
Нема потреба да се губи трпението.
Риби
Љубов:
Отворено разговарајте со партнерот и инсистирајте на докажување на вистината. Не треба да бидете измамени со илузии.
Работа:
Во заеднички интерес е да се намали деловниот и финансискиот ризик на минимум. Правилно почитувајте го договорот.
Здравје:
Треба да се ослободите од непотребните грижи