Бектеши ги соопшти замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот

од Вести365.МК | Е.Д.

Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените на неколку зеленчуци и овошја, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши. Како што наведе тој, замрзнувањето на цените ќе биде во сила до крајот на април.

„Сакам да ја информирам јавноста дека од 5-ти април, па до крајот на месецот, свежите домати не може да се продаваат повеќе од 70 денари, свежите краставици од 75 денари. Кромидот не може да се продава повеќе од 60 ден., карфиолот не повеќе од 70 денари, зелените пиперки, не повеќе од 90 денари. Гравот не може да се продава повеќе од 75 денари, леќата од 110, бананите не повеќе од 70 денари, портокалите не повеќе од 55 ден, мандарините не повеќе од 60 и лимоните не повеќе од 55 денари“, рече Бектеши.

Слични објави