Фотографии кои Горан Тојага, шефот на психијатријата во Лесковац, самиот ги објави на социјалните мрежи, утрово ја обиколија Србија и на негова сметка започнаа лавина негативни коментари, јавуваат белградските медиуми.
Министерката за здравство Даница Грујичиќ му нареди на директорот на лесковачката општа болница да преземе итни мерки во врска со фотографиите на социјалните мрежи на лекарот и началникот на Психијатриската служба, на кои тој се појавува со оружје.
„Сè уште се прашувате – зошто?“ – е само еден од коментарите кои укажуваат на наводните причини за двата масакри што ја завија Србија во црно претходните денови.
Во понеделник ќе имам интервју со докторот. Точно е дека пред неколку часа ми се јави министерот Грујичиќ.Во понеделник ќе одлучиме што и како понатаму – изјави за белградските медиуми директорот на лесковачката општа болница Небојша Димитријевиќ, пренесува Југпрес.
Димитријевиќ вели дека е еден од најдобрите стручњаци во својата област во Лесковац и многу посветен лекар.