Чувар вработен во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар е убиен во крвавиот масакр на ученик од седмото одделение од тоа училиште.
Како што е познато, ученикот утрово околу 8 часот влегол вооружен во училиштето, упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците. Едно дете е веќе на операциона маса, има повреди на главата и животот му е во опасност. Другите две деца кои се примени во Тиршова се со прострелни рани и се на интензивна нега.
Меѓу повредените е и една наставничка и тројца ученици. Пред училиштето има многу полиција, па дури и три екипи на брзата помош. Вооружениот ученик е уапсен.
Ученикот кој со пиштолот на својот татко пукал во училиштето го убил чуварот, Драган кој важел за омилен вработен меѓу дечињата кои учеле во ова основно училиште. 14-годишното дете е ученик во седмо одделение, а инцидентот кој го предизвикал траел околу 5 минути. Пред училиштето врие од медицински екипи и полиција, како и вознемирени родители кои се обидуваат да дознаат што се случува со нивните дечиња.