Дозволата вели дека била издадена на 24 јули 2019 година, денот кога поранешниот британски премиер се преселил во Даунинг стрит 10.
Холандската полиција уапси маж кој возел пијан викендов и открил дека поседува возачка дозвола на име „Борис Џонсон“.
Во лажната дозвола, издадена во Украина, заедно со фотографијата на британскиот премиер и неговиот датум на раѓање, пишува дека важи од 24 јули 2019 година, односно од денот кога вистинскиот Борис Џонсон се вселил во 10 Даунинг стрит и стана британски премиер.
Исто така пишува дека дозволата важи до крајот на 3000 година.
Портпаролот на полицијата Тиш Дамстра изјави дека полицијата го истражувала инцидентот што се случил во неделата нешто по полноќ кога автомобилот на „Борис Џонсон“ удрил во столб во близина на мостот Ема во Гронинген.
„Лицето не сакаше да го открие својот вистински идентитет и одби да се подложи на алкотестирање“, изјави Дамстра за АФП.
Се испоставило дека станува збор за 35-годишен маж од Зуидхорн, во чие возило полицијата пронашла лажна дозвола.
„Не се потпиравме на фалсификувани документи“, соопштија од полицијата.
Поранешниот дописник на холандскиот јавен сервис НОС од Русија, Кисија Хекстер во твит наведе дека лажните возачки дозволи лесно може да се купат во продавниците за сувенири во Украина.