Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел изјави дека ги искористила сите можни средства што и стојат на располагање во обид да го спречи избувнувањето на руско-украинската војна.
Искористив се што имав на располагање за да се обидам да спречам да се случи оваа ситуација“, изјави Меркел за германскиот весник , пренесе ТАСС.
Таа додаде дека дипломатијата е неопходна и дека е „многу загрижена“ за Украина. Според Меркел разговорите со поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко и со актуелниот украински претседател Володимир Зеленски уште тогаш навестувале дека Украина можеби ќе прерасне во замрзнат конфликт.
„Претседателот Зеленски беше многу критичен кон договорите од Минск. Тој веќе го кажа тоа за време на неговата изборна кампања кога изјави дека ги смета за неостварливи“, рече Меркел.
Во интервју за „Цајт“, објавено на 7 декември 2022 година, поранешната германска канцеларка изјави дека договорите од Минск од 2014 година само купуваат време за Украина.
Таа рече дека „на сите им е јасно“ дека се работи за замрзнат конфликт и дека проблемот не е решен. Рускиот претседател Владимир Путин подоцна изјави дека изјавите на поранешната канцеларка се сосема неочекувани и разочарувачки.