Резников: Кога ќе дојде време за преговори Украина ќе диктира услови

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников смета дека очекувањата од украинската контраофанзива се донекаде претерани.

„Дефинитивно е претерано, сите сакаат уште една победа. Претходно не веруваа во победа. Претходно сакаа Украина барем некако минимално да опстане“, вели Резников во интервју за „РБК Украина“.

Кога ќе дојде време за мировни преговори, Украина ќе ги диктира, тврди тој.

Зборувајќи за помошта од Западот, тој истакна дека авионите се најскапи, но изрази уверување дека Киев ќе го заврши ова прашање.

Слични објави