Не траеше долго, Весна Дамева Е РАЗРЕШЕНА, не е повеќе претседателка на Судски совет

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, повеќе не е прв човек на институцијата. Таа е разрешена од функцијата после гласањето на членовите на Судскиот совет, иницирано од нејзиниот заменик Селим Адеми. Седум членови го поддржале заменикот.

Караниците кулминираа во моментот кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред.

Адеми закажа нова седница за утре во 11 часот. Претходно Адеми побара од Дамева сама да си поднесе оставка.

Дамева кажа дека проблемот не се односите, туку надворешни нарачки и желби за избор и (не)разрешување на судии.

Слични објави