Wizz Air, европската нискобуџетна авиокомпанија, од мај годинава ќе нуди модел на претплата на своите патници. Претплатата, наречена MultiPass, е изработена со помош на Caravelo, компанија за развој на претплатнички платформи за авиокомпании. MultiPass ќе биде достапен на домашните линии во Италија и на интернационалните кон Полска. Патниците ќе можат да изберат една од четирите опции, кои вклучуваат билет само, билет со приоритетно качување во авион, билет со багаж до 20 кг и модел кој ги вклучува сите опции.
Според Wizz Air, претплатата овозможува на патниците да добијат одлична понуда за претстојната летна сезона, без постојано ги следат цените или да го планираат своето патување многу порано. Патниците кои ќе се одлучат за претплатата можат да го купат првиот билет веднаш, но летот мора да биде најмалку пет дена по купувањето. Претплатата мора да трае најмалку шест месеци и се обновува месечно.
Caravelo, компанијата со седиште во Барселона, која изработува претплатнички платформи за авиокомпании, во соработка со Alaska Airlines, го изработија моделот на претплата Flight Pass. Сепак, Caravelo неодамна соработуваше и со Frontier Airlines за креирање на нивната сопствена платформа за претплата, GoWild!. Во јули минатата година, Caravelo доби инвестиции во висина од 3 милиони долари.