ТикТок ИМА ЗАМЕНА кај тие што ја блокираат

Кинескиот технолошки гигант ByteDance турка уште една апликација за социјални медиуми во Соединетите Американски Држави, бидејќи нејзината водечка апликација TikTok се соочува со можна забрана во земјата

Иако може да биде дел од деловната стратегија за ByteDance, новиот производ кој ќе го замени TikTok исто така не е најдоброто решение, според експертите.

„Секако дека е интересен тајминг. Се чини дека ByteDance го турка Lemon8 како потенцијална алтернатива на TikTok“, изјави за CNBC Линдзи Горман, виш соработник за технологија во развој во германскиот Маршал фонд.

Апликацијата Lemon8, спој на Instagram и Pinterest, првпат беше „лансирана“ во Јапонија на почетокот на 2020 година. Апликацијата „lifestyle“ која се фокусира на здравјето и убавината брзо се искачи на топ-листата во САД.

Според анализата на data.ai, Lemon8 скокна за 693 места и стана втора најсподелувана апликација во САД во последните 30 дена.

Lemon8 има собрано 17 милиони преземања ширум светот од неговото лансирање, тврди порталот „Apptopia“.

Слични објави