Јас донирав 100 милиони за Украина, а ти? Режисерот го предизвика Маск, ПА СИ ГО ДОБИ

Режисерот Стивен Кинг (75) го повика американскиот милијардер Илон Маск, наместо да наплаќа за сини ознаки на популарните корисници на Твитер, да донира пари за хуманитарни цели во Украина, но Маск му одговори со контра прашање: „Јас донирав 100 милиони долари Украина, а ти?”.

Сè започнало во четвртокот, кога Кинг се пожалил за тоа.

„Вашингтон Егзаминер“ пренесува дека Маск рекол дека „лично платил“ за одредени јавни личности да ја задржат сината ознака.

Сепак, Кинг му предложил на Маск да ги искористи парите и да ги даде на фондација која им помага на луѓето во Украина.

„Мислам дека господинот Маск треба да го даде мојата сина ознака за хуманитарни цели. Ја препорачувам Фондацијата Притула, која дава голема помош во Украина. Тоа чини само осум долари, па можеби господинот Маск би можел да додаде уште малку“, напиша Кинг на Твитер.

Маск брзо му одговорил на познатиот автор.

„Донирав 100 милиони долари за Украина. Колку даде ти?“.

Твитер неодамна воведе платена услуга за корисници кои сакаат да им биде проверена сметката и таа услуга чини 8 долари за поединци и 1.000 долари за организации.

Слични објави