Се борев во Украина и добив орден, тврди синот на Песков

Откако првиот човек на Вагнер изјави дека синот на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков се борел заедно со неговите платеници во Украина, Николај Песков (33) ја потврди оваа информација.

Синот на Песков за Комсомолскаја правда изјавил дека бил во Вагнер и дека служел во Украина речиси шест месеци, пишува Би-Би-Си.

Приватната војска Вагнер е обвинета за воени злосторства и злоупотреби во Украина. Меѓу платениците на Вагнер, неколку илјади осуденици беа регрутирани од затворите, откако групата претрпе големи загуби. Ретко се случува член на руската елита да се приклучи на оваа група. Многумина од нив заминаа во странство за да избегнат регрутирање во редовната армија.

Николај Песков, течно зборува англиски бидејќи во своите млади денови поминал неколку години во Лондон. Работел како дописник за руската државна телевизија РТ.

И тој и неговиот татко се под американски санкции. Во интервју за прокремљскиот дневен весник Комсомолскаја Правда, тој рече дека негова одлука е да му се придружи на Вагнер, но не знае како да го направи тоа.

Затоа му се обратив на татко ми и тој ми помогна“, вели помладиот Песков.

„Добив медал за храброст“

Тој рече дека користел лажна лична карта за неговите другари да не дознаат за неговите врски со Кремљ. Тој не го откри тоа лажно име во интервјуто затоа што можеби ќе го употреби повторно во одреден момент во иднина.

Би-Би-Си не може да го потврди неговото тврдење.

Тврдењето на Николај Песков се совпаѓа со големата кампања за регрутирање за новата армија, при што руските државни огласи повикуваат на мажите да ја извршуваат својата должност кон татковината за време на „специјалната воена операција“ во Украина. Десетици илјади мажи ја напуштија Русија минатата година за да избегнат регрутирање, откако Путин го потпиша законот за делумна мобилизација.

Николај Песков не откри каде точно служел во Украина. Шефот на Вагнер, Пригожин за руските медиуми изјави дека Песков, откако се приклучил на групата со лажни документи, поминал тринеделна обука. Пригожин изјавил дека Песков бил во Луганск и дека покажал храброст и херојство „како и сите други“.

Пригожин тврди дека портпаролот на Кремљ побарал од него да го земе неговиот син како обичен артилериец. Николај Песков изјави дека годинава добил медал за храброст.

Тоа се случи откако целиот мој тим го постигна подвигот, но не можам да кажам повеќе од тоа“, рече Песков.

Слични објави