Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, се наведува во објавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар на Фејсбук.
Истрагата ја спроведуваат Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH) и Националното биро за истраги (NNI).
Како што пренесува унгарскиот информативен портал 24.hu, полицијата во понеделникот спроведе голема операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта. Приведени се повеќе лица, а извршени се и претреси во нивните домови.
Според неофицијални информации, меѓу приведените е и Арон Орбан, чии деловни активности и претходно биле предмет на истрага. Сепак, надлежните органи сè уште не ги потврдиле овие наводи.