Ива Михајлова, против која во Кочани се води случај за сообраќајна несреќа со смртни последици, побара да учествува на рочиштето од далечина. Во изјава за бугарската национална телевизија БНТ, таа рече дека верува оти два експертски извештаи ја потврдуваат нејзината невиност и дека и натаму се соочува со здравствени последици, откако, според нејзините тврдења, не ѝ бил овозможен соодветен третман Maкедонија.
Судењето продолжи денеска со сослушување на двајца вештаци. Јавното обвинителство бара дополнително вештачење на медицинската документација поврзана со здравствената состојба на Михајлова и потребата од нејзино лекување во странство.
Извор Дојче Веле