Заппчнува втората недела во која администраторите на АЛТА ја проверуваат состојбата на банката пред да донесат одлука за судбината за парите на штедачите. Но, граѓаните и фирмите кои имаат пари во оваа банка се уште не може да располагаат со своите средства.Засега мобилното и електронското банкарство се во функција, но со ограничени можности за корисниците. Засега, клиентите можат да ја проверуваат и следат состојбата на своите сметки, додека останатите банкарски функционалности сè уште не се достапни.
Се уште нема одговор од банката кога сите функции ќе бидат достапни а се ближи рокот 15 ноември до кога фирмите мора да исплатат плати на вработените.
Состојбата со Алта банка е предмет на партиски пресметки. Додека СДСМ овој случај го споредува со пропадната Еуростандард, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека опозицијата шири манипулации и оти состојбите се целосно различни.
Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки, реагира ВМРО-ДПМНЕ.