Падот на Александар Вучиќ на изборите, според опозицискиот СДСМ, ќе отвори истраги во Србија кои ќе доведат до разврска на сите криминални соработки меѓи српските власти и премиерот Христијан Мицкоски. Ова на денешната прес-конференција го изјави портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска.
Опозиционерите изнесоа серија обвинувња за криминални тендери, енергетски бизниси, бизнис-мрежи и влијанија во медиумскиот и политичкиот простор.
„Доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност. За криминалните тендери. За Адамовиќ, Руднап, Божиновска, бизнис мрежите на Мицкоски што водат до Србија. За бизнисите со струја, енергетика, броила. Јасно е зошто 5 тони дрога поминуваат преку граница и завршуваат кај СНС во Србија, а никој не одговара. На сите им е јасно зошто Алта банка влезе во Македонија, а беше запрена во Европа. Истата матрица, истиот шаблон. Copy-paste во Македонија. Истиот црн капитал се вложува во истата банка“,велат од СДСМ.
Обвинија и дека во дел од медиумите се води црна кампања против СДСМ и Венко Филипче, а споменуваат и наводни врски со медиумски структури, српски медиумски групации и онлајн мрежи за политичка пропаганда.
СДСМ обвинува и дека по примерот во Србија, во земјава се прават партии-сателити кои, според нив, имаат за цел да го поделат опозицискиот глас. Како примери ги посочуваат ЗНАМ, платформата „Разговори за иднината“ и Левица, за кои тврдат дека се дел од политички модел сличен на оној што го поврзуваат со Вучиќ.
„Позади сето ова стои една криминална организација. Нејзиниот дел во Македонија е ВМРО – организирана криминална група, а шефот на македонската банда е Мицкоски. Следат разврски, истраги и расчистување со криминалната организација. Сите тие разврски ќе завршат и во Македонија со соработниците на Мицкоски“,велат од СДСМ.