Втор случај за пет дена: Тело со траги на насилство пронајдено во Ѓорче Петров

од Вести365.МК Ј.Р.

Во СВР Скопје денеска околу 9.15 часот М.А. пријавила дека во куќа на улица „Ѓурчин Кокале“ во скопската населба Ѓорче Петров ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот.

Како што информираат од МВР, Итната медицинска помош констатирала дека на телот има видливи траги од насилство.

Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција.

Скопската полиција работи на случајот.

Ова е втор ваков случај во Ѓорче Петров за само неколку дена. Во четвртокот, 22 октомври, со траги на насилство беше пронајдено телото на 62-годишен маж.

Слични објави