Ел Нињо најавува непредвидлива есен на Балканот: Во Македонија натпросечни температури, но и ризик од поплави

од Вести365.МК Ј.Р.

Сезонските изгледи на Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF модел) укажуваат на тоа дека есента 2026 во најголем дел од Европа ќе биде значително потопла од просекот (дури и за 2 до 3 степени потопла од повеќе годишниот просек). Врнежите пак во голем дел од Европа е бидат значително над просекот, а тоа значи дека голем дел од Европа во текот на есента би можел да се соочи со големи временски непогоди и со опасност од поплави, најави Славчо Попоски.

Исто така и Балканот, вклучувајќи ја и Македонија очекува една топла есен со температури над просекот за есенските месеци (односно температурите ќе бидат за околу 2 степени повисоки од повеќе годишниот просек) Врнежите исто така ширум Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе бидат над просекот, односно очекувам повеќе врнежи во текот на есента и во нашиот дел од Европа, а постои поголема веројатност и за појава на временски непогоди и за локални поплави.

Токму ваквата ситуација е поради силното влијание на климатолошкиот и топол феномен (ЕЛ НИЊО) кој како што кажав силно влијае на времето над Европскиот Континент. Силното влијание на ЕЛ НИЊО ќе продолжи и во текот на есенските месеци.

Мора да напоменам дека поради тоа што се работи за сезонски изгледи на времето за есента 2026, промени и одстапувања во прогнозата се можни. Токму поради ова, граѓаните редовно да ги следат моите пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатноаст за остварување, односно тие се и за повеќе од 90% со можност за остварување, вели Попоски.

Слични објави