Во седиштето на УНЕСКО во Париз, амбасадорот проф. д-р Игор Николов, придружуван од министер-советникот Хајдари, присуствуваше на обраќањето на Неговата Светост Папата Лав XIV пред претставниците на државите членки на Организацијата.
Во време на бројни конфликти и глобални предизвици, од Париз беше испратена силна порака за мир, човечко достоинство, дијалог и солидарност, како темелни вредности врз кои треба да се гради иднината.
Во своето обраќање, Папата Лав XIV го истакна значењето на образованието, науката и културата како инструменти за приближување на народите и градење мир, осврнувајќи се и на предизвиците што ги носи брзиот развој на новите технологии и вештачката интелигенција.
Присуството на македонската делегација на овој значаен настан ја потврдува активната улога на нашата земја во рамките на УНЕСКО и нејзината определба за мултилатерализам, меѓукултурен дијалог и заштита на универзалните вредности.