Анестезиологот кој снимаше пациенти за ТикТоик може трајно да остане без лиценца

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека може да му се одземе трајно лиценцата за работа на анестезиологот Ваљон Дервиши од тетовската болница кој за на ТикТок ги снимаше пациентите.

Тој потврди дека на докторот лиценцата му е одземена на седум години, а тој во моментот е во притвор осум дена.

Непотврдените тврдења дека истиот доктор знаел да дојде на работа под дејство на наркотици, стигнале и до министерот, но како што вели тој, токму така, непотврдени.

За тоа не постои ни една забелешка, нема запис, не е поведена дисциплинска постапка досега. Затоа, кога бев таму за Велигденските празници, веднаш го отпуштив оперативниот директор, чиј отказ вчера беше ефектуиран, затоа што тоа не можев да го направам на парзничен ден. Нов оперативен директор ќе биде назначен деновиве, рече Меџити, кој денеска присуствуваше во Црвениот крст на презентација на наодите на студијата за „Пристап до услуги за долготрајна нега во Северна Македонија“ во рамки на Проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на Ковид-19 и идни катастрофи“.

Меџити појасни дека соперативниот директор, не бил на работа, во времето кога анестезиологот го снимал видеото и го ставил на социјалната мрежа ТикТок.

Слични објави