Бизнисменот Марјан Јованов познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од неговата куќа во Карпош. Тој го дистрибуираше брендот „Левис“ во Македонија и беше обвинет во предметот „Шпански скали“ со ослободителна пресуда.
На 28 јуни 2026 во 18 часот и 15 минути во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција, велат од МВР.
Наложено е да се направи обдукција за утврдување на причините за смртта.