Канцеларијата на комесарот за информации на Обединетото Кралство (ИЦО) денеска соопшти дека опомена добиле два полициски оддели за снимање на повеќе од 200.000 телефонски разговори. Се претпоставува дека се снимани разговори со жртви, сведоци и осомничени без нивно знаење, наведува Ројтерс.
Станува збор Сари и Сасекс кои се предупредени откако е откриена апликација која се користела за снимање телефонски разговори и незаконско собирање лични податоци.
Како што велат во 2020 година станале свесни дека вработените во двата полициски оддели имале пристап до апликација која ги снима сите дојдовни и појдовни телефонски повици. Се наведува дека апликацијата ја преземале повеќе од илјада вработени.
Луѓето имаат право да очекуваат дека полицаецот ќе постапи одговорно со информациите до кои ќе дојдат за време на интервјуто“, рече Стивен Бонер од ИЦО. Тој додаде дека со помош на апликацијата е собрана голема количина на многу чувствителни информации поврзани со наводни кривични дела.
Полициските власти објавија дека усвоиле нови правила за да се осигураат дека сите нови апликации се усогласени со британскиот закон пред да бидат достапни за вработените. Апликацијата е деактивирана, а снимките, освен оние за кои се смета дека се докази, се уништени, соопшти Канцеларијата на Комесарот за информации. Се додава дека Управата издала опомени, наместо парична казна од милион фунти, за да се избегне негативен ефект врз секторот од витално значење.