Српски „N1“ објави дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е трет најплатен градоначалник на главен град во поранешните ЈУ републики.
Пред неа се само градоначалниците на Љубљана и Загреб.
Според медиумот платата на градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ изнесува 2.696 евра, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ заработува 2.318 евра месечно.
Според нив, Данела Арсовска зема плата од 2.036 евра.
Градоначалничката на Подгорица, Оливера Ињац е платена 1.562 евра месечно, додека пак градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ заработува 1.510 евра месечно.
Најниска плата во споредба со поголемите градови во регионот има првиот човек на Белград, Александар Шапиќ – 1.399 евра.
Инаку, најголема плата има градоначалникот на Бјелина, Љубиша Петровиќ. Тој има месечна плата од 3.305 евра. По него е градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, кој заработува 3.026 евра месечно.