Трагедија во Охајо- почина 13 годишник поради тик ток предизвик

Тинејџер од Охајо, САД, трагично почина откако се предозирал со лекови за алергии што се продаваат без рецепт додека се обидувал да изведе предизвик на TikTok. „Њујорк пост“ пишува дека 13-годишниот Џејкоб Стивенс учествувал во предизвикот Бенадрил, во кој учесниците земаат 12 до 14 антихистаминици, шест пати повеќе од препорачаната доза, за да предизвикаат халуцинации.

Таткото на Џејкоб, Џастин, изјави дека неговиот син минатиот викенд бил дома со пријателите кога се предозирал. На видеото кое го снимиле неговите пријатели, се гледа како тој ги пие таблетите, по што неговото тело почнало да се грчи. Џејкоб потоа бил итно пренесен во болница и ставен на респиратор. И покрај максималните напори на лекарите, момчето починало шест дена подоцна.

„Тие рекоа дека можат да го држат на респиратор, дека тој може да лежи таму, но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш да не дише, да се насмее, да оди или да зборува“, рече уништениот татко, цитиран од „Њујорк пост“. Семејството на Џејкоб апелира до родителите да внимаваат што прават нивните деца на социјалните мрежи и да не го користат без надзор.

„Внимавајте што прават на нивниот мобилен телефон. Разговарајте со нив за ситуацијата. Сакам сите да знаат за мојот син“, нагласи таткото, кој исто така бара од пратениците да стават старосни ограничувања за лековите што се издаваат без рецепт, како што е Бенадрил.

За жал, Џејкоб не е првата жртва на предизвикот Бенадрил. Во август 2020 година, 15-годишно девојче се предозирало со лекови против алергии и починало. По серијата смртни случаи, производителот на лекот Џонсон и Џонсон предупреди дека предизвикот на ТикТок е крајно загрижувачки, опасен и треба веднаш да се прекине.

Слични објави