Алиу најави нов Закон за лекови

од Вести365.МК Ј.Р.

Следната недела на ЕНЕР ќе биде објавен нов Закон за лекови усогласен со европските стандарди, најави министерот за здравство Азир Алиу. Тој рече дека актуелното законско решение за лекови е застарено и се јавила потребата да се усогласи со европските регулативи.

-Со законот воведуваме современи решенија за поефикасни, побрзи постапки за одобрување и регистрација на нови лекови. Воведуваме систем за следење на снабдувањето и навремено спречување недостиг на лекови и воведуваме напредни електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката. Сакаме да изградиме поефикасен побезбеден систем за сите граѓани, рече Алиу.

Тој додаде дека со законот се зајакнува контролата на лековите во сите фази, а во врска со следењето на несаканите дејства се воведува организирано следење на безбедносните сигнали, подобра координација меѓу Министерството за здравство, Фондот за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) преку дигитализација на процесите за интероперабилност меѓу институциите.

Клиничките испитувања ќе се усогласени со ЕУ регулативата и ќе бидат во согласност со начелата на Водичот на добра клиничка пракса за поголеми права на испитаниците и задолжително мислење од етичка комисија пред да се спроведе клиничкото испитување, рече Алиу.

Тој најави и дека фармацевтскиот отпад од домаќинствата ќе се собира на пунктови во национална мрежа.

Слични објави