„Окта“ го зголеми попустот за дизел на три денари – мерката е продолжена до 6 април

од Вести365.МК Ј.Р.

„Окта“ најави дека како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април годинава.

Дополнително, попустот за дизел се зголемува од два на три денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес.

„Оваа доброволна иницијатива на „Окта“ има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика“, велат од компанијата.

Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, како што посочуваат од компанијата, „Окта“ повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија.

Слични објави