Во населбата Радишани изграден е целосно нов потпорениот ѕид на улица 50, со кој треба да се спречи лизгање на земјиштето.
Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел и со изградба на овој потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на улицата која предизвикуваше небезбедно движење на граѓаните. Со овој потпорен ѕид се обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој додава дека ова била едно од најголемите барања на граѓаните од ова населено место, а најавува дека наскоро ќе се реконструира и улицата, која е оштетена поради лизгањето на земјиштето.