Мечка нападна маж во прилепско Рилево, со тешки повреди пренесен на Скопските клиники

од Вести365.МК Ј.Р.

Тешко повреден маж од селото Рилево во општина Долнени, откако го нападнала мечка додека собирал печурки во атарот на селото.

Настанот се случил вчера претпладне, околу 10 часот, соопшти МВР.

По нападот, човекот бил забележан од група ловџии и бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите потоа бил транспортиран на Скопските клиники.

Слични објави