Која е фирмата што ќе ја гради пречистителната станица во Скопје? – нема мед за Арсовска!?

Германската ВТЕ на тендерот ја победиле турската фирма Кузу груп и доставиле подобра понуда. Иако Арсовска зад кулоарите навиваше за турската Кузу, сепак изборот паднал на германската компанија која е многу поискусна во изградба на пречистителни станици.

ВТЕ од Есен е германската компанија која го добила тендерот за изградба на пречистителната станица за Скопје во вредност од 200 милиони евра, дознава Телма.

Јавноста дозна дека е потпишан договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје за проектот вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија, но не беше познато името на фирмата изведувач.

Недостапни за јавноста беше и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во чие седиште е депониран договорот потпишан во тајност пред два дена.

Покрај германската ВТЕ, како подизведувач пречистителната станица ќе ја гради и струмички Жикол. Изградбата на станицата ќе биде кај Трубарево. ВТЕ дала многу поквалитетна понуда со подобра банкарска гаранција од турскиот конкурент. Компанијата има филијали во Полска и Литванија, а во регионот како познат реализиран проект ја има пречистителната станица во Будва изградена во 2014.

Но, иако таа зад кулоарите навиваше за турската Кузу, сепак изборот паднал на германската компанија која е многу поискусна во изградба на пречистителни станици за вода.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вчера изјави дека скопската градоначалничка Данела Арсовска тајно го потпишала договорот за изградба на скопската пречистителна станица, истиот договор поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински и со тоа нејзините лаги ислегоа на виделина.

Слични објави