Германија денеска прави историски чекор и ги затвара преостанатите три централи што ги има почнувајќи со Исар 2 во Баварија, Емсланд во Долна Саксонија и Некарвестхајм 2 во Баден-Виртемберг.
Сепак, со ова решение не се согласува мнозинството од Германците, кои го сметаат тоа за грешка во време на енергетска криза. Најновото репрезентативно истражување на јавното мислење покажува дека 59% од Германците го сметаат одлуката за погрешна, додека само 34% од нив ја сметаат за правилна. Согласноста за затворањето на атомските централи преовладува единствено кај испитаниците во возрасната група од 18 до 34 години (59 со 39 проценти). Различноста во мислењата за ова решение се забележува и во рамките на политичкиот спектар.

Придржувачите на Зелените го одобруваат со големо мнозинство (83%), додека најголем дел од придржувачите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) (83%), Алтернатива за Германија (81%) и ФДП (65%) се против. Енергијата од атомските централи постојано е предмет на општествени и политички дебати во земјата, а дури и пред затворањето, Унијата (ЦДУ/ЦСУ) повторно решително се спротивстави на ова решение.
„Утре е лош ден, утре е црн ден за Германија“, изјави вчера претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц.
Германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој доаѓа од Партијата на Зелените, изјавува дека Германија не треба да стравува за енергетската безбедност, таа ќе биде сигурна и по исклучувањето на последните три атомски централи, а во иднина акцентот се префрла на масивна изградба на обновливи извори на енергија.