ДИК: Излезноста на локалните избори до 11,15 часот е 9,30 отсто

од Вести365.МК Ј.Р.

До 11,15 часот на локалните избори излегле 9,30 отсто од запишаните гласачи, информираше Државната изборна комисија. До Комисијата пристигнати се податоци за излезеност на гласачките места од 3139 избирачки места, на кои гласале 154.275 граѓани.

Најголем бил одзивот во Општина Чашка, каде што досега гласале 22,6 отсто, потоа во Новаци, 19,13, Пробиштип 17,64 и Крива Паланка 16,85 отсто од запишаните гласачи.

Најмал е одзивот во општините Сопиште 3,93 отсто од гласачите, Центар Жупа со 4,89 отсто, потоа Дебар со 4,96 и Студеничани со 5,2 отсто од запишаните гласачи.

За Градот Скопје, излезноста до 11,15 часот е 9,38 отсто.

Слични објави