Деветмина полицајци кои го гаснеле пожарот кај „Борис Трајковски“ завршија на Токсикологија

од Вести365.МК Ј.Р.

Деветмина полицајци кои го гаснеле пожарот што изби во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“ завршија на Клиниката за Токсикологија поради вдишување на чад.

Полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита денеска презеле мерки и активности со цел спречување на ширење пожар, кој вчера околу 16 часот изби во непосредна близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика. Како последица на настанатиот пожар, девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба.“, велат од полиијата.

Имено, полицајците и пожарникарите спречиле пожарот да ги зафати моторните возила и лизгалиштето кое е во склоп на спортскиот центар, информираат од МВР.

Слични објави