Намалена продажбата на компјутери, Apple најголем губитник

Компанијата за истражување на пазарот ИДЦ објави дека глобалните испораки на персонални компјутери паднаа за 29 % во првиот квартал од 2023 година поради слабата побарувачка, вишокот залихи и влошената макроекономска клима. Според извештајот, испораките на Apple забележаа најголем пад од 40,5% во споредба со истиот период во 2022 година, додека Dell беше на второ место со пад од 31%. Со истиот проблем се соочуваат и останатите производители како „Lenovo“„Asus“ и HP. и нивниот обем на испораки во првиот квартал од 2023 година беше значително помал од претходните години.

Во февруари, Apple веќе објави дека продажбата на компјутериte од серијата Mac паднала за 29% на годишно ниво т.е.. на 7,7 милијарди долари во последниот квартал. Паузата на растот и побарувачката му дава простор на синџирот на снабдување да направи промени бидејќи многу фабрики почнуваат да ги истражуваат производните опции надвор од Кина. Намалената продажба влијаеше и на намалување на побарувачката на глобалниот пазар на полупроводници, поради што компанијата „Samsung“ остварила најниска добивка во последните 14 години, и од овие причини  технолошкиот гигант е принуден да го намали производството на чипови.

Слични објави