Тројца луѓе се повредени во пожар во близина на градот Делвина во јужна Албанија, а околу 2.000 жители се евакуирани, соопштија надлежните.
„Тројца претрпеа изгореници и вдишаа чад“, изјави заменик-градоначалничката на Делвина, Брунилда Мелеќи. Таа изјави дека шест села се евакуирани и дека пожарот уништил црква и 11 куќи.
„Пламените јазици, разгорени од силниот ветер, зафатија 11 куќи и црквата „Свети Димитрија“ изградена пред два века, споменик на културата од прва класа. Пожарникарите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола, но нивната работа е отежната од стрмниот планински терен, дополнително високите температури и ветерот“, објавија локалните медиуми.
Покрај пожарникарите и војниците, како и граѓаните, во гаснењето се вклучени и два хеликоптери, бидејќи пожарот е опасност и за други соседни села.
Според жител на селото Сеница, ситуацијата останува тешка. Изгореле и големи површини шума, додека неколку други домови се во опасност.
Во последното деноноќие на територијата на Албанија регистрирани се 45 пожари.