Соединетите Американски Држави ќе се повлечат од Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), бидејќи претседателот Доналд Трамп продолжува да ја повлекува својата земја од меѓународните институции што долго време ги критикуваше, објави денес „Њујорк пост“, повикувајќи се на функционер на Белата куќа.
Овој потег е удар за агенцијата со седиште во Париз, основана по Втората светска војна за промовирање на мирот преку меѓународна соработка во образованието, науката и културата. Трамп презеде слични чекори за време на својот прв мандат, напуштајќи ја Светската здравствена организација, Советот за човекови права на ОН, глобалниот договор за климатските промени и нуклеарниот договор со Иран, објави Танјуг.