ДУИ за кампањата против пописот од 2021: Опасен обид за поткопување на темелите на соживот

од Вести365.МК Ј.Р.

Демократската унија за интеграција соопшти дека со длабока загриженост ја следи „координираната кампања за дискредитација на последниот попис на населението“, процес кој ДУИ го смета за законски, транспарентен и целосно мониториран од домашни и меѓународни набљудувачи.

-Оваа кампања не е случајна. Таа е дел од поширок обид за ревизија на сите постигнувања од последната деценија, за организирање нов попис според нови политички агенди, со цел враќање на системската нееднаквост. Тоа е опасен обид за поткопување на темелите на соживот, за реализација на етноцентристички и aлбанифобски агенди и за рушење на кревките меѓуетнички односи – соопшти ДУИ.

ДУИ остро го осудува овој процес и порачува дека секој што ќе се обиде да го загрози уставниот поредок, Охридскиот договор, етничката еднаквост и соживотот, ќе сноси политичка, правна и морална одговорност.

-Нема да дозволиме децениски напори да бидат поништени. Мирот, еднаквоста и соживотот се црвени линии, зад кои ДУИ секогаш ќе стои цврсто – нагласува опозициската ДУИ.

Слични објави