Кина го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека „додава масло на огнот“ во ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, по неговата изјава во која ги повика жителите на Техеран веднаш да го напуштат градот.
„Палењето оган, додавањето масло, упатувањето закани и зголемувањето на притисокот нема да придонесат за смирување на ситуацијата, туку само ќе доведат до понатамошна ескалација и ширење на конфликтот“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовната прес-конференција, одговарајќи на прашање за изјавите на Трамп, пренесува Ал Џезира.
Претходно, Доналд Трамп изјави дека Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје и повика на итна евакуација на Техеран.