Францускиот хирург призна дека силувал речиси 300 деца, осуден е на 20 години затвор

од Вести365.МК Ј.Р.

Поранешниот хирург од Франција, 74-годишниот Жоел Ле Скварнек, обвинет за најобемниот случај на педофилија во историјата на земјата, денеска беше осуден на 20 години затвор, пишуваат француските медиуми.

Пензионираниот доктор, на судењето призна дека злоупотребил вкупно 158 машки и 141 женски пациенти со просечна возраст од 11 години, помеѓу 1989 и 2014 година.

Тој често ги злоупотребувал пациентите кои сè уште биле под анестезија или децата кои не можеле да ги класифицираат неговите постапки како злоупотреба.

Тој ги призна злосторствата пред судот, велејќи:

„Бев хирург кој го искористи својот престиж за да напаѓа деца – не го негирам тоа“, и изјави дека не бара помилување од судот. Психијатриските проценки го опишаа и како „екстремно опасен“.

Случајот извади на виделина огромни празнини и небрежност во францускиот здравствен систем. И покрај неговата пресуда во 2005 година за поседување материјал за злоупотреба на деца – по предупредување од ФБИ – тој доби само условна казна и никогаш не му беше забрането да работи со деца. Тој продолжил да биде вработуван во јавни и приватни болници до неговото пензионирање во 2017 година.

Слични објави