Иднината на Македонија е во ЕУ и сите напорно работиме да го постигнеме тоа, порача Рокас

од Вести365.МК Ј.Р.

Северна Македонија и нејзината иднина припаѓаат во ЕУ и сите ние работиме напорно со цел да се постигне таа цел, за да може да се деблокира ситуацијата, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас кој денеска е во посета на Велес.

Тој не сакаше да ја коментира изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која рече дека Австрија е подготвена на разговори со нас за изнаоѓање решение со Бугарија.

-Не би сакал да коментирам што изјавила претседателката, ниту претставници на држави-членки. Во овој момент единствената работа, која можам да ја кажам е дека има голем број дипломатски активности и голем број посети и се што ќе произлезе од нив е добредојдено за нас, истакна Рокас.

Евроамбасадорот не сакаше да го коментира ниту Договорот со Велика Британија за реализација на инфраструктурни проекти, рече дека не е на него да коментира договори на државата со трети страни. Во однос на состојбата со миграцијата на Балканот, истакна дека земјава има исклучителна соработка со ЕУ на тоа поле.

-Што се однесува до мигрантите тоа е големо прашање за целата ЕУ. Јас можам да кажам дека има одлична соработка меѓу ЕУ и Северна Македонија, тука е и Фронтекс, кој го давата првиот аларм, во случај на секоја миграција. Што се однесува на Велика Британија, ЕУ исто така потпиша договор за стратешко партнерство во исто време, кога се потпиша и вашиот и очигледно е дека Велика Британија е добар партнер на ЕУ и каков било договор меѓу Северна Македонија и Велика Британија е исто така добар за вас, изјави Рокас.

Слични објави