Холандската централна банка апелира до граѓаните да имаат готовина за најмалку три дена, во случај на вонредна состојба

од Вести365.МК Ј.Р.

Централната банка на Холандија издаде предупредување до граѓаните: секое домаќинство треба да има резерва во готовина за најмалку три дена, во случај на вонредна состојба.

Се препорачува да се чуваат најмалку 70 евра по возрасен и 30 евра по дете како – кеш, за покривање на основните трошоци доколку електронските системи за плаќање престанат да работат.

Една од главните причини за таквото предупредување е зголемувањето на заканата од кибер напади, што стануваат се поверојатни поради тензичната геополитичка ситуација, пишува Политико.

Во такви моменти, готовината може да биде единственото решение. Холандската централна банка препорачува да имаат граѓаните доволно готовина за основни трошоци за три дена – како што се вода, храна, лекови и превоз.

Банкарите не ги заборавиле ниту трговците – им се советува да овозможат алтернативни методи на плаќање, како што се QR кодовите, во случај терминалите за картички да не работат.

Слични објави