Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека цело семејство загинало во регионот Суми кога руски дрон удрил во нивниот минибус. Зеленски на својот Фејсбук профил објави дека во нападот загинале девет лица, а седум лица се повредени, пренесе Укринформ.
Повредените, се здобиле со изгореници и скршеници и во моментов сите се хоспитализирани. За жал, имаме и жртви. Девет лица загинаа. Деталите се уште се проверуваат, но според прелиминарните информации Русија убила семејство, татко, мајка и ќерка загинале како резултат на нападот – напиша Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека сите загинати се цивили и дека руските сили намерно гаѓале цивилно возило.
„Русите не можеа а да не разберат кое возило го гаѓаа. Ова беше намерно убиство на цивили“, рече Зеленски.
Тој повика и на посилни меѓународни санкции против Русија.
„Очекуваме САД, Европа и нашите партнери да воведат силни санкции против Русија“, нагласи украинскиот претседател.
Тој додаде дека Украина долго време повикува на целосен и безусловен прекин на огнот за да се спасат животи, но дека Русија продолжува со нападите.
„Русија едноставно ја задржува способноста да продолжи да убива“, рече Зеленски.