Променливо облачно, кон крајот на денот локални врнежи

од Вести365.МК Ј.Р.

Во четврток на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од 1 до 8, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 15 и 26 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Слични објави