Девет осомничени за фалсификување дијагноза одат зад решетки, a пет во куќен притвор

од Вести365.МК Ј.Р.

Девет осомничени, за фалсификување на дијагнози, за добивање, на финансиска помош, за туѓа нега, и инвалидски пензии одат зад решетки. 5 во куќен притвор, а за деветмина, се определини мерки на претпазливост. Сите, беа изведени, пред судија на претходна постапка, кој, согласно предлозите на обвинителството, одредил, 30 – дневен, ефективен притвор, за дел од осомничените, а за другите, прифатил поблаги казни. Куќен притвор, или одземање на патна исправа, и повремено јавување во судот. Во истрагата, осомничени се, 49 доктори специјалисти, матични лекари и службеници од клиники од Скопје, и од општата болница во Велес, кои, според сомневањата, се здружиле во две групи, и направиле шема, за фалсификување дијагнози.

Против овие решенија странките имаат право на жалба, се додава во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера соопшти дека се извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Велес, Тетово и во Гостивар, а во акцијата се уапсени 23 лица. Јавниот обвинител нареди истрага против 49 лица.

Според соопштението од Обвинителството, упасените 23 лица се дел од злосторничкото здружение кое со лажни наоди обезбедувале документација за добивање туѓа нега и инвалидска пензија. Се работи за лекари специјалисти од разни болници и за социјални работници.

Останатите осомничени пак, се три матични лекари за злоупотреба на овластувањата, како и лицата кои им нуделе и им давале поткуп на осомничените лекари.

Слични објави