Палевски тврди дека доказите на ЈО против него се наместени

од Вести365.МК Ј.Р.

Палевски тврди дека било вршено притисок врз сведоци како што бил Ерол Османи кој тврдеше дека Палевски котелот му го поправал на 28.11, а Палевски тврди дека тоа било на 22.11 затоа што според Палевски невозможно било на 28.11 да бил физички присутен во Бутел кај Османи. Зборувајќи за вештачењето на неговиот телефон вештачен на 13.5.2024 тој рече дека од вештачењето од 18.7.2024 се гледа дека на 28.11. 2023 кога Ерол тврди дека бил првен ремонт Палевски примил повеќе пораки на Телеграм од извесен битолчанец Зоран Китевски, со кој договарале гостување во поткаст кој почнал во 22 часот во живо и траел до 23:33 часот.

Како дополнение Палевски читаше уште други пораки кои во текот на поткастот ги примил со цел да докаже дека невозможно било физички да биде присутен кај Османи во Бутел, што според Палевски докажува дека Османи не ја кажува вистината. Палевски вели дека пораките од неговиот телефон кои ги прочита пред судот докажуваат дека обвинителството направило грешка што прво го испитало Османи, па потоа го вештачела телефонот. Палевски тврди дека Османи е лажен сведок.

Прашан дали го познава Панче Жежовски рече дека ниту знаел дека постои таков човек и дека немал никаква комуникација со него. За него научил многу само од тоа што читал од судските списи. Во таа смисла Плаевски рече дека тврдењата на Велибор Манев во врска со Жежовски се неточни, затоа што караницата меѓу Манев и Жежовски не биле само за некоја незавршена работа со бекатон плочки – затоа што во куќата на Жежовски биле пронајдени кривична пријава, поплаки до Советот на јавни обвинители, како и пријави во МВР од Жежовски против Манев. кој тврдел дека Манев бил под заштита на ЈО Велес. Палевски тврди дека меѓу нив постоела омраза и нетрпение кое траело десетина години. Зборувајќи за видео презентирано од ЈО од куќата на Велибор Манев, Палевски рече дека е збир од снимки од повеќе настани и во него е манипулирано со времето и дека тоа е фалсификувано. Вешачено е во август 2024, а видеото е земено осум месеци порано, од обвинетиот Манев.

„И не е проблем што им требало осум месеци да го вештачат, туку самото однесување на ЈО за тоа што е јасно напишано дека е предадено на 5.9.2024 година, две недели пред почетокот на главната расправа“, рече Палевски.

Тој праша зошто на ЈО му требало повеќе од дваесет рочишта за да го приложи видеото како доказ.

Слични објави