ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев во директен договор со извршител и банка купиле конфискуван имот

од Вести365.МК Ј.Р.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини опозициската Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев дека во директен договор со извршител и банка купиле конфискуван имот за трипати пониска цена.

Обвинувањата на владејачката партија доаѓаат како продолжие на вербалната пресметка што во четвротокот на седницата за пратенички прашања од опозицијата во Собранието ја имаа лидерот на Левица и премиерот Христијан Мицкоски, кој покажа, како што кажа, документ кој покажува дека партијата купила деловен имот во адвокатската улица по пониска цена за квадратен метар и обвини дека станува збор за кривично дело.

Денеска членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција рече дека Левица и Апасиев биле фатени „ин флагранти“ во зделка на деценијата, на која можат да ѝ позавидат многу светски инвеститори.

„Само Левица и Апасиев можат да купат деловен објект одземен преку извршител од некој граѓанин или фирма кои не можеле да го враќаат кредитот, за трипати пониска цена од пазарната. Левица и Апасиев кои декларативно беа против извршителите, не се колебаат да купат одземен имот, од истите тие извршители. Уште поголем проблем е ставот на Левица дека извршителот немал ништо со преговорите, туку дека тие се договориле со банката и објектот го земале со хипотекарен кредит“, рече Манасиевски.

Во таа насока, тој праша и ако од опозициската партија се договарале со банката, како ја постигнале таа цена, кога во околината се продава имот за трипати повисока цена и дали има некој скриен договор или друга услуга која не е заведена со договор.

„Левица и Апасиев се демаскирани, аскетизмот одамна го замениле со хедонизам, ако воопшто и некогаш биле аскети“, рече членот на Изршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични објави