Сијарто: Следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении.

Тој на Фејсбук напиша дека актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, „кој е сменет од власт, а чии способности многумина ги доведуваат во прашање“, може да носи одлуки кои можат да имаат катастрофални последици за светот, пренесе МТИ.

Сијарто додаде дека изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и даде шанса на Европа да го врати мирот на континентот, но дека има многу провоени политичари од двете страни на океанот кои се противат.

Тој предупреди дека распоредувањето на американско оружје длабоко во руската територија може да доведе до избувнување на светска војна.

Слични објави